Возачи и возачки - пазете се!!!
Како ретко кога, сообраќајната полиција е на улиците во Скопје. Распоредени на секој агол, после секој семафор, на секое место на кое диво се паркира, на сите локации на кои најчесто се поминува улица (а, не е дозволено поминување), ве демнат, чекајќи ја вашата грешка.
Значи, овој пат не се работи за регулирање на сообраќај со цел да се обезбеди побрзо поминување на возилата под придружба. Навистина, во последно време сообраќајната полиција на дело ја гледавме само во таква улога. Но, не! Овој пат е нешто друго во прашање. Овој пат тие се тука за да не потсетат на примерното возење (она, знаете, застанување на црвено светло, пропуштање на пешаци, паркирање единствено на обележан паркинг простор...) и сосема норамално, нашето невнимание или шизиклук да го санкционираат (или народски кажано: да го наплатат).
Значи, внимавајте, иако (од сигурни извори) ова нема долго да трае. Како впрочем и минатиот пат, и тој пред него, и тој пред него...

0 Коментари:
Објави коментар
<< назад кон блогот