Jazz концерт
Прочитав една информација во Дневник дека вечерва во "Мала станица", со почеток во 22 часот ќе се одржи jazz концерт. И после толку години, Скопје нема место во кое континуирано може да се негува jazz културата. Веројатно, единственото место се вика Универзална сала, и тоа во октомври месец, во вообичаениот термин на Skopje Jazz Festival. Убаво функционираше џез клубот Сачмо (иако само една сезона), во трговскиот центар Буњаковец, под "управа" на еден од најдобрите џез музичари во Македонија, Тони Китановски. Но, и таа приказна заврши.
Чудно е навистина што по скопските кафе-клубови ретко можете да налетате на жива свирка. Не само што нема џез свирки, туку фалат дури и бендови кои во кафе-клубот ќе ги забавуваат посетителите со популарна музика. Се' се сведува на пуштање музика од дискови или грамофонски плочи. По начинот на забава, сите кафе-клубови си наликуваат еден на друг.
Разбијте ја скопската монотонија, вечерва појдете на џез свирка.

0 Коментари:
Објави коментар
<< назад кон блогот