Бесплатно паркирање
Според информацијата од дневните весници, почнувајќи од 1-ви Јули паркирањето на сите паркинзи кои се опремени со дигитални рампи во првите 30 минути ќе биде бесплатно. Причина за ваквиот систем за тарифирање се жалбите на возачите чии автомобиле биле „собрани“ од Пајак службата. Според нив, возилото било непрописно паркирано, но не подолго од 5 минути колку што им требало „да завршат“ некаква работа. Затоа, „Градски паркинг“ се одлучиле да не наплаќаат за паркирање пократко од 30 минути. Одлуката сто процентно е во корист на граѓаните. Сега останува на нас да докажеме дали вистинската причина за непрописно паркирање е скапиот паркинг или старата добра навика да паркираме кај што ќе стигнеме. :-)
2 Коментари:
Првите 30 минути се бесплатни.
Ако на секои 29 минути излегувам и пак влегувам пак ќе ми биде бесплатно? :)
ÐбÑавено од Анонимен, на 03 август, 2006 17:33
Веројатно.
Ама тоа е поентата - паркирање за кратко време. Веројатно ако си во некоја дискотека нема да ти се исплати да излегуваш на 29 минути цела вечер. Уште повеќе, кој ќе ти гарантира дека по пат нема да сретнеш некој пријател (или пријателка) со кој ќе паднете на муабет и ќе закасниш да ја извадиш колата на време за да поминеш бесплатно. :-)
Последно што прочитав беше дека треба да се донесе одлука на Градот за вакво нешто. Незнам дали ја донесоа. Јас обично одам пешки, но и кога сум со кола, се паркирам на оние малку паркинзи на кои сеуште нема поставено рампи. Но, никогаш на тротоар ;-)
ÐбÑавено од Toni, на 14 август, 2006 13:18
Објави коментар
<< назад кон блогот