Скопје 02

сабота, април 15, 2006

Инсталационен Фестивал 2006

Во Домот на народна техника во Скопје, викендов се одржува Инсталационен Фестивал 2006, во организација на Слободен софтвер. Овој настан се организира по трет пат. Целта е масовно да се инсталира слободниот оперативен систем Линукс. Посетителите ќе добијат стручна помош при инсталација на овој оперативен систем.
Освен инсталирање на Линукс, на овој фестивал може и да се снимат најразновидни дистрибуции на овој оперативен систем и останатите слободни апликативни програми.
Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.
Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.
Повеќе информации за самиот настан можете да најдете на следниот линк.