Необична (и сосема погрешна) навика
Се возев во "петнаеска" на пат накај Ново Лисиче. Откако ја помина автобуската станица популарно позната како Југодрво, го вперив погледот кон зградата на Народната Банка на Република Македонија, поточно кон облаците кои беа на синото небо (прекрасен сончев ден беше). Одеднаш, како автобусот ја поминуваше кривината кај семафорите пред НБРМ, на плацот кој пред неколку месеци беше продаден на "Веро" за да гради супермаркет, забележав една невообичаена глетка. Во средината на областа полна со ѓубре и ниска (внимавајте: ниска!) трева, еден човек решил да се ослободи од притисокот на неговата бешика. Во едната рака држеше најлонска кеса, додека со другата рака ја изведуваше операцијата "Олеснување". Без никаков срам, сред бел ден (околу 16:10 часот), на сред Скопје и тоа на отворен простор!!!
Разбирам дека во Скопје има недостаток од јавни тоалети. Јасно ми е дека проблем каков што имал главниот лик од оваа приказна е навистина деликатен и прилично незгоден. Но, решение какво што употребил кутрото суштество е тотално неприфатливо, малограѓанско, некултурно...
И, не е прв пат, а навистина не сум ниту единствен кој забележал уринирање на јавни места. Но, ова беше најлошото прекршување на етиката, на свеста и моралот на еден граѓанин на овој град. Без трошка срам (добога, тоа беше на широка отворена површина во сред Скопје) и образ да се уринира кај се стигне. И уште повеќе, во период на градскиот метеж, на еден убав сончев ден.

0 Коментари:
Објави коментар
<< назад кон блогот