Кражба на скулптура
Во бркотница како на филм низ скопските улици, полицијата прексиноќа ги фатила тројцата крадци што неколку часа претходно "киднапирале" скулптура тешка 200 килограми од пред Музејот на современата уметност на Кале. Ја пресекле на половина, ја откорнале од бетонскиот постамент и ја однеле.
Вака почнува веста за кражбата на скулптура во сопственост на Музејот на современа уметност (GoogleEarth). Целата вест можете да ја прочитате тука. Неверојатно е колку предмети од уметничка и историска вредност се цел на кражба. Ми текнува на кражбата на една од надгробните плочи поставени во тревната површина пред Музејот на Град Скопје (GoogleEarth). Никогаш не дознав што се случи со неа, иако прочитав дека е невозможно некој во сред Скопје да украде стотици килограми тешка камена плоча без да биде забележан.
0 Коментари:
Објави коментар
<< назад кон блогот