Kонкурс за културни проекти
Градските власти минатата недела распишаа конкурс за изработка на проекти за реализација на културни манифестации. Во буџетот на Градот годинава предвидени се пари за финснсирање на манифестациите: Звуците на чаршијата, Денови на Јустинијан Први, Скопско лето, одбележувањето на годишнината од Скопскиот земјотрес на 26 јули, и пари за изработка на физибилити студијата "Заживување на Старата скопска чаршија". На конкурсот можат да учествуваат установи од областа на културата и правни лица што вршат културна дејност. (Вест)
Се надевам дека оние кои ќе конкурираат ќе имаат понуда на квалитетни проекти и дека оваа година Скопје ќе биде преполно со културни збиднувања, особено во летниот период, кога градот е полупразен и може спокојно да се ужива во културно-уметничките случувања.
2 Коментари:
Не си прочитал убаво... Пишав "спокојно да се ужива во културно-уметничките случувања", а не спокојно да се ужива во пустелијата.
Фала ти за првиот коментар. ;-)
ÐбÑавено од Анонимен, на 07 март, 2006 16:36
Сега те разбирам на што мислиш. Мислев дека не си го разбрал она што го напишав.
Сепак, еве како гледам јас на работите. Скопје во лето е прекрасен град за одвивање на некаква културна програма под отворено небо. Во лето вообичаено ја нема таа гужва која е присутна преку цела година. Одиш на претстава под отворено небо, на Кале, кај Старата железничка станица, на концерт во Куршумли-ан, па дури и на плоштад и можеш да уживаш без буката од илјадниците коли, автобуси и луѓе кои немале намера да бидат баш на тоа место.
Така јас гледам на работите. Можеби ти гледаш нешто поразлично, што е исто така добро.
ÐбÑавено од Toni, на 07 март, 2006 19:16
Објави коментар
<< назад кон блогот