Професија: вратар
Во четвртокот вечерта, пред ноќниот клуб "Тренд" кој е во состав на истоименото кафуле, во центарот на Скопје, се одвивала вистинска драма. Имено, група од четворица млади луѓе, се упатила кон клубот, каде на самиот влез ги пречекале вратари, кои одбиле да ги пуштат да влезат внатре. Кога едното од момчињата побарало објаснување зошто се одбиени, на ова вратарот му возвратил со навредливи зборови и пцовка, а наводната причина била приватната забава, која била во тек долу во клубот. (Идивиди)
Ваква е ситуацијата и по другите локали. Вашиот убав провод ќе зависи од расположението на некои луѓе кои од планина се симнуваат во град само за викендите и работат како вратари. Колку пати сте останале на ред на чекање при влез во некоја од скопските дискотеки и покрај тоа што немало гужва, туку вештачки се наметнала поради изживувачкиот однос на вратарите?
Верувам дека вратарите имаат свои проблеми, но има институции кои треба да ги згрижат. Би бил пресреќен кога ќе слушнам дека барем неколку од нив прочитале барем една книга после „Зоки Поки“.
Секоја чест на исклучоците, иако станува збор за многу мал процент.
2 Коментари:
MIslam deka ne se vinovni vratarite nego gazdite koj gi najmuvat
ÐбÑавено од Анонимен, на 07 март, 2006 10:12
И јас мислам така. Само, очигледно баш ги "заболе" нив за тоа кој ќе им ги посетува локалите и какви приказни ќе се раскажуваат за нивните вратари
ÐбÑавено од Toni, на 07 март, 2006 16:38
Објави коментар
<< назад кон блогот