Прочка
Од раскажувањето на моите родители (инаку стари скопјани) традиција било за христијанскиот празник Прочка луѓето да се собираат на скопското кале (GoogleEarth) облечени во народни носии. Но, во поново време, мислам дека таа традиција полека избледнува. Народните собири се слабо организирани и речиси и нема луѓе облечени во народни носии. Се израдував кога во разговор со еден мој другар добив информација дека токму утре, на Прочка, на скопското кале е закажан народен соби по повод овој голем христијански празни. Неможев да добијам повеќе информации за утрешниот настан, но сигурно ќе ги пренесам импресиите.
0 Коментари:
Објави коментар
<< назад кон блогот