Скопје 02

среда, март 29, 2006

Затемнување на сонцето

Една природна појава која секогаш побудува интерес кај сите жители на планетава е затемнувањето на Сонцето. Денес бевме сведоци на овој феномен. Месечината се испречи на патот меѓу Сонцето и Земјата со што предизвика благо замрачување. Појавата можеше да се забележи и од Скопје. Да не се појавеше облакот во времето на најголемото замрачување, верувам дека уживањето во глетката ќе беше уште поголемо.
Инаку, Скопското астрономско друштво секогаш се грижи за подобро доживување на ваквите појави. Така, за денешното затемнување во понеделникот организираше предавање на тема „Затемнувања на Сонцето и Месечината“, а денес на плоштадот Македонија организираше набљудување на затемнувањето со телескоп. Воедно имаат и повик до сите оние кои го набљудуваа затемнувањето на Сонцето да испратат извештај со фотографии кој ќе биде објавен на нивната страна.