Скопје 02

вторник, февруари 28, 2006

Неосветлени возила на скопската калдрма

Според законот, моторно мозило мора да биде осветлено на десната и левата страна од задниот дел со две црвени светла. Непочитувајќи го ова правило можете да заработите казна. Вообичаено, покрај стандардната опрема за возилото, треба да поседувате и резервни сијалички кои би ги користеле за замена на оние кои се неисправни (на пример, позиционо или штоп светло, трепкач...). Доколку ги немате овие резервни сијалички, при сообраќајна контрола, речиси сигурно е дека ќе добиете казна (освен, ако се смилува полицаецот и ви "прогледа низ прсти").
Но, низ Скопје кружат полициски џипови кои воопшто не се осветлени од задната страна. Во темните скопски улички, речиси и се незабележливи. Колку што можам да се сетам, таквото "затемнување" на џиповите започна за време на војната во 2001 година, јасно од безбедносни причини. Но, зошто сеуште се неосветлени - тоа не ми е јасно. Дали неосветлениот полициски џип помалку ја загрозува безбедноста во сообраќајот од неосветлено цевилно возило?

"Избегнете" го градскиот метеж

Кога се движите низ градот, пешки или со автобус, земете го со себе вашиот mp3 player, ставете ги слушалките во вашите уши, "оптеретете" го и уживајте во музиката, наместо во бучавата на автомобилите, автобусите, па и свирките на сообраќајните полицајци кои го регулираат сообраќајот. Вистински начин да го избегнете градскиот метеж и подобро расположени ќе стасате на вашата дестинација! А, посебно ако направите добар избор на музика....