Скопје 02

петок, јуни 30, 2006

Мапа на Скопје

Сте се запрашале ли некогаш каде се наоѓа одредено место во Скопје? Незнаете дали одредена улица се наоѓа во Центар? Ве интересира по кои улици треба да се движите за од Железничка станица да стигнете до Плоштад Македонија? Тогаш, ова е линкот за вас.
Скопје Мапа е проект што произлезе од семинарската работа на Ѓорѓи Станојевски, студент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Работи на база на Google Earth (Maps) технологијата. Сеуште е во БЕТА верзија, но за некое време убеден сум дека ќе профункционира во вистинското светло, како вистинска интерактивна мапа на Градот Скопје. Можете да пребарувате места низ градот, улици и патеки, при што ќе одредите почетна дестинација и крајна дестинација. Особено интересно е што проектот е направен така што им се овозможува на посетителите на сајтот да внесат податоци за одреден објект, така што базата на објекти кои може да се пребаруваат секој ден се зголемува.
Секоја чест на авторот на оваа веб апликација. Може да се каже дека конечно Скопје доби една вистинска интерактивна мапа.

четврток, јуни 15, 2006

Рекапитулар


Речиси цел месец помина, а јас не напишав ништо. Тоа мора да се должи на зголемениот обем на обврски кои ми натежнаа последниве недели. Да, да... Мора да е до тоа!

А почна Светското првенство во фудбал. Фудбалска треска на секој чекор. По кафичите телевизори и видео бимови спремно ги чекаат фановите. По некоја добра утакмица, по некоја и страшно лоша. Пренос на ТВ, но и на радио. Пренос на две радија, па бирај го оној кој ти се допаѓа повеќе.

А, времето баш и не се погоди. Невообичаено ладно, дождливо... Сред јуни - студ! Ама ќе се подобри, сигурно!