Скопје 02

сабота, април 15, 2006

Инсталационен Фестивал 2006

Во Домот на народна техника во Скопје, викендов се одржува Инсталационен Фестивал 2006, во организација на Слободен софтвер. Овој настан се организира по трет пат. Целта е масовно да се инсталира слободниот оперативен систем Линукс. Посетителите ќе добијат стручна помош при инсталација на овој оперативен систем.
Освен инсталирање на Линукс, на овој фестивал може и да се снимат најразновидни дистрибуции на овој оперативен систем и останатите слободни апликативни програми.
Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.
Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.
Повеќе информации за самиот настан можете да најдете на следниот линк.

У во Скопје! :-)

Што уствари означува слово У у Скопје?...
Скопското У има посве другачија природа. У Скопје имаш све, новите музички достигнувања, за достоен и културен живот...


Шетајќи низ блогосферата, налетав на еден интересен пост. Остатокот од текстот можете да го прочитате тука.

Културни случувања во Старата скопска чаршија

Звуците на чаршијата


Утре и задутре во Скопската Чаршија ќе ечи од музика, ќе има проекција на филмови, ќе се чита поезија, ќе има и изложба. Настанот е наречен "Звуците на чаршијата" а ќе почне напладне со дефиле то на Градскиот оркестар при МКЦ по улиците на Чаршијата. Пред платото на Чифте Амам ќе има и саем на детски производи од работилницата "Учиме да правиме оригами". Во КапШан ан ќе свири Мандолинскиот оркестар при МКЦ (во 14 часот), а во Музејот на Македонија (во 16 часот) ќе има проекција на документаци на Елизабета Коневска... (Вест)


Повеќе информации за "Звуците на чаршијата" можете да добиете и тука.